Протетика
- Изработка на коронки и мостови од металкерамика
- Изработка на коронки и мостови безметални ( Fullceramic I Zirconia )
- Изработка на порцелански ламинати
- Tотални и парцијални протези со високо квалитетни заби
- Визил протези со и без припрема ( со лекодент копчиња или лиени кукици )
- Valplast протези од мек акрилат
Мостовите се денталнопротетски изработки кои служат за надополнување на еден или повеќе заби, изработени од металкерамика или целосна керамика врз претходно препарирани заби(намалување на обемот на забот со стружење) или врз импланти. Претставуваат фиксни конструкции кои се цементираат врз природните заби или врз импланти. Имаат не само високо естетска функција, туку и голема превентивна и функционална улога.
Коронките се користат за целосно покривање на оштетениот заб. Покрај зајакнувањето на оштетените заби, коронките може да се користат со цел да се подобри сопствениот изглед, форма или големина на забалото. Коронките, исто така, можат да бидат поставени над имплантот, за да се обезбеди формата на забот и функцијата во иднина. Порцеланските коронки можат идеално да ја имитираат бојата на вашите природни забите. За повисока естетика ние обично ги препорачуваме коронките изработени целосно од порцелан, кои најблиску го доловуваат изгледот на вашите природни заби.
Најчесто се изработуваат при:
- Големи пломби и променета боја
- Заштита на слабите заби од фрактура
- Веќе настаната фрактура
- Над дентален имплант
- Заштита по ендодонтски третман(лекување коренски канали)