Естетска стоматологија
- Белење на забите со најсовремена технологија beyond technology со ламба и ласерско белење
- Поставување на циркони на забите
- Botox - поставување на високо квалитетен Botox во лицевата регија(подмладување и израмнување на брчките на лицето) - Dysport Botox
- Хијалуронски филери
БЕЛЕЊЕ
Пред да се почне со процедурата, стоматологот одредува дали вашите заби се погодни за белење, и ви објаснува што можете да очекувате и да добиете од овој третман. Обично, резултатите после белењето покажуваат драстична разлика, но сепак крајниот ефект варира зависно од секоја индивидуа. Во повеќето случаи на промена на бојата на забите белењето покажува добри резултати, додека при потешките случаи може да треба подолготраен третман за разлика од стандардната процедура која трае еден час.
Постојат два ефектни методи за белење на забите:
1. Белење на забите во ординација
2. Домашно белење на забите
1. Во една посета, стоматологот ќе ги избели забите за помалку од еден час.
- Се полираат забите
- Ги заштитуваме вашите непца и усни со изолационен материјал
- Професионално се нанесува гелот за белење.
- Вашето белење е завршено по 2 x 15 минутни апликации
Гелот за белење содржи хидроген пероксид како активна состојка. Откако ќе се нанесе на забите, се ослободува кислород кој навлегува под површината на забите во глеѓта и дентинот, белејќи ги материите кои го обоиле забот, но оставајќи го самиот заб непроменет
Најдобро е да се избегнуваат многу топли или многу студени пијалаци во наредните 24 часа.
Одржување после третманот на белење
Доколку имате добри навики, вашите бели заби ќе ја задржат својата боја до две години. Активностите како што се пушење, пиење многу кафе, чај, и темни безалкохолни пијалаци и реткото посетување на стоматолог, придонесуваат за побрзо потемнување на забите. Најдоброто нешто што можете да сторите за да ги одржите вашите заби бели е да се четкаат двапати на ден или по секој оброк и исто така да ги чистите со забен конец. За да бидат вашите заби светли можете исто така да користите паста за белење на заби и мека четка за заби. Исто така треба да го посетувате вашиот стоматолог на секои шест месеци за редовно чистење и прегледи.