Помош?

00389 34 211 123   00389 71 605 665
  • Македонски јазик
  • English language
  • ελληνική γλώσσα
  • ελληνική γλώσσα

ОПШТА СТОМАТОЛОГИЈА




ОПШТА СТОМАТОЛОГИЈА

- Бесплатни прегледи и консултации
- Ендодонтски третман на забите, сигурно и безболно лекување со врвна и најнова технологија со ендомотор: Profile Sistem, Endo - Mate NSK I NSK Apex locator
- Пломбирање на заби со високо квалитетни материјали, врвна естетика
- Композитни ламинати - Bonding техника, (врвна естетика со највисока класа нано композити)
- Отстранување на меки и тврди наслаги(ултрасонично безболно чистење забен камен), полирање до висок сјај, пескарење на забите за отстранување на пигменти
- Екстракција(вадење) на заби
- Работа со деца, пломбирање, лекување на млади трајни заби, третмани и екстракции на млечни заби
- Изработка на силиконски штитници(протези) за превенција од бруксизам(ноќно шкрипење на забите ) и за домашно белење

ЕНДОДОНЦИЈА

Лекување на коренските канали
Третман на коренските канали на забот, исто така познат како ендодонтски третман, се користи кога постои инфекција на пулпата(нервно и крвно снабдување на забот). При тоа се отстранува пулпата, се чистат и прошируваат коренските канали и се исполнуваат со трајно полнење.

Зошто да се користи третман на коренските канали?

- Доколку не се превземе ваков третман инфекцијата може да се прошири преку системот на коренските канали во околната коска водејќи кон оток(апсцес) и инфекцијата на целата уста, а во потешки случаи дури и до инфекција на целото лице и вратот.
- Најдобро е да се чуваат природните заби колку што е можно подолго и повеќе на број.
- Ова го прави ендодонтскиот третман подобра опција отколку вадењето заби.

Нашата процедура при ендодонтски третман:
- Се става анестезија со што целата процедура станува комплетно безболна
- Се отстранува инфицираната пулпа
- Со помош на снимката и апекслокаторот се одредува точната должина на коренските канали
- По строго определен протокол се врши чистење, проширување и обликување на коренските канали (како механичко така и хемиско)
- Во зависност од дијагнозата потребна е една или две до три посети, за да се излекуваат каналите.
- На крајот од третманот се полнат каналите со трајно полнење.