Ласер терапија
ПАРОДОНТОПАТИЈА:
Пародонтопатијата е воспалителна болест која прогресивно го зафаќа потпорниот апарат на забите(пародонтот) предизвикана од бактерии кои претходно предизвикуваат воспаление на гингивата(непцата) настанува крварење на гингивата, промена на бојата(црвена или модра), перзистентно лош здив или вкус во устата, рецесија(нивно повлекување) и забите стануваат чувствителни. Доколку не се третира доаѓа до расклатување и понатамошно губење на забите.
Доколку имате пародонтопатија во нашата ординација ќе добиете соодветен професионален безболен третман со видливи резултати по само неколку дена, откако ќе бидат отстранети причинителите и со отрстранување на тврди и меки забни наслаги(чистење забен камен и полирање).
ЛАСЕРСКА ТЕРАПИЈА
За поуспешен третман на пародонтопатијата во ПЗУ ДР ХИЛДА КОЛЕВА користиме ласерска терапија со моќен и современ дентален ласер KAVO Expert Lase кој овозможува максимално ефикасен третман на непцата и потпорниот апарат. Ласерот содржи голем број програми што ни овозможуваат оперативни зафати и лекување на:
• Пародонтопатија
• Гингивит
• Ендодонтски третман(лекување на корени)
• Белење на заби
• Периимплантит
• Пред и после вградување на импланти
• Лекување на алвеолитис(постекстракциона болка)
• Апсцеси
• Фистули
• Афти
• Херпес
• Гингивектомија
• Френулектомија и многу други оперативни зафати
Предности на ласер терапијата се :
• Нема болка
• Без крварење
• Без конци
• Стерилност
• Побрзо заздравување на ткивото