Импланти
Имплантите се замена на природниот корен,се вградуваат во коската и се современ и ефикасен начин да се надополнат изгубените заби, претставуваат одлично долгорочно решение да се надополнат(еден или повеќе заби)без стружење на соседните заби. Врз имплантите може да се направи коронка, мост или тотална протеза. Изработени се од титаниум и се сосема биокомпатибилни, титаниумските импланти се на пазарот повеќе од 40 години сеуште не е откриена никаква алергија кон нив и се најголема придобивка во стоматологијата. Со постојана орална хигиена и со соодветна нега може да траат доживотно, нема горна старосна граница за поставување доколку здравствената состојба на пациентот е добра. Schutz dental group, Ankylos – dentsply implants, Biohorizons implants