background

Ендодонтска терапија за зачувување и обновување на вашите природни заби

ја отстранува болката и го зачувува вашиот природен заб преку нежна ендодонтска терапија, дизајнирана да ги третира инфекциите и да го зачува здравјето и функцијата на вашата насмевка.

Тимот на денталната поликлиника Др. Хилда Колева е специјализиран за безболна ендодонтска терапија, како би се елиминирала секоја инфекција и ќе се обнови здравјето на вашиот заб, обезбедувајќи долготрајни резултати.

banner

Ендодонтската терапија е високо-ефективна процедура која се користи, за да третира инфекција во пулпата на забот. Доколку не се третира, инфицираниот заб може да предизвика сериозна болка, оток, па дури и да доведе до загуба на забот. Во денталната поликлиника Др. Хилда Колева ние користиме напредни техники кои целиот процес го прават удобен и колку што е можно поефикасен.

За време на процедурата, инфицираната пулпа внимателно се отстранува, забот темелно се чисти и каналите се полнат, како би се превенирале понатамошни проблеми. Ова не само што ја отстранува болката, туку исто така и помага да се зачува природниот заб, избегнувајќи ја потребата за екстракција и негова замена.

Нашиот искусен тим е посветен да обезбеди смирено и искуство без стрес за секој пациент. Со тоа што в нашиот фокус секогаш е пациентот и најновата технологија, можете да ни се доверите дека ќе го обновиме здравјето на вашите заби и истовремено ќе го зачуваме нивниот природен изглед.

  • Ослободување од болката: ја отстранува неудобноста предизвикана од инфекција и ја враќа удобноста во вашето секојдневие.
  • Презервација на забот: го зачувува вашиот природен заб, избегнувајќи ја потребата од екстракција или импланти.
  • Нежен процес: користење на напредни технологии со фокус на пациентот и неговата удобност.
  • Трајна заштита: Го затвара и заштитува забот и превенира повторна инфекција.

Закажете го вашиот термин во поликлиника Др. Хилда Колева денес и направете го првиот чекор кон поздрава и посјајна насмевка!

Услуги во општа стоматологија