Посетата кај стоматолог може да биде стресна, но во ПЗУ Д-р Хилда Колева вие и вашето семејство ќе добиете удобен и квалитетен третман во кој секогаш сте во центарот на вниманието.
Ние обрнуваме внимание да ве запознаеме, да ги разбереме вашите грижи и искуства за да обезбедиме највисок квалитет на нега во нашата поликлиника.
Во ПЗУ Д-р Хилда Колева ги цениме нашите вработени и пациентите, создавајќи пријатна атмосфера исполнета со доверба и почит. Нашата мисија е да добиете квалитетна и персонализирана грижа при секоја посета.

Општ стоматолог
Д-р Христина Љокова дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 2022 година и е млада, но многу талентирана докторка по стоматологија.

Општ стоматолог
Д-р Михаил Колев дипломирал на Европскиот универзитет во Скопје во 2018 година. Одраснат опкружен со стоматологија, ја развил својата страст за создавање убави и здрави насмевки.

Општ стоматолог
Д-р Викторија Милкова дипломирала на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во 2018 година. Таа постојано се надоградува и применува современи техники во стоматолошката пракса.